07.08.2023 Скопје
Во Словенија, по катастрофалните поплави, водостоите почнаа да опаѓаат, а ситуацијата се смирува, иако реките Мура, Драва и Сава продолжуваат да ги загрозуваат крајбрежните населби. Во текот на ноќта немало дожд.
Надлежните ги контролираат насипите за да спречат повторно излевање на реките, а почна и чистење на зградите и јавните површини кои беа под вода.
Подготвено од А.Ѓ.