ekstazi tirana

18.08.2023 Скопје

Група од 5 лица доцна синоќа се уапсени од полицијата во Тирана, и осомничени се дека продавале дрога во различни кафеани во главниот град на Албанија, како и на плажите на крабрежјето.

Двајца од уапсените се државјани на Косово, а групата била подолго време под истрага поради сомнение и сознание дека веќе подолг период продавале дрога во Тирана.

Се дознава дека полицијата запленила 10.000 дози екстази, според проценките, една доза се продавала за 30-50 евра и целата сума доколку би била пуштена на пазарот би вредела околу 500 илјади евра.

Подготвено од М.Н.

About Author