25.08.2023 Скопје

Шпанските власти соопштија дека, во пристаништето Алгесирас, на југот на земјата, во средата е запленета досега најголемата пратка кокаин во Шпанија – 9.436 килограми.

Во заедничкото соопштение на полицијата и царината, се наведува дека тоа е најголемата откриена пратка на дрога во земјата.

Дрогата била скриена во разладен контејнер во кој се транспортирале банани од Еквадор, соопштија властите на Шпанија.

Засега не е познато дали и колку лица се приведени во оваа полициска акција.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *