migranti italija

16.08.2023 Скопје

Во првите седум месеци од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, во Италија се регистрирани 89.158 имигранти, што е зголемување за 115,18 отсто.

Меѓу нив, расте и бројот на непридружувани странски малолетници, еднаков на 10.285 или 83,50 отсто повеќе од 2022 година.

Поголемиот дел од имигрантите кои пристигнале во Италија до 31 јули доаѓаат од Тунис, тие се 54.693 илјади, што е 61,34 отсто од вкупниот број.

Следува Либија, со 30.075, што претставува 33,7 отсто од вкупниот број, а на третото место во рангирањето на Министерството за внатрешни работи е Турција, од која пристигнале 4.003 мигранти регистрирани во првите седум месеци од 2023 година, додека 387 се од Алжир.

Што се однесува до Гвинеја, има 11.315 луѓе кои изјавиле дека ја поседуваат националноста на африканската земја при пристигнувањето во Италија, додека 11.287 се оние кои соопштиле дека потекнуваат од Брегот на Слоновата Коска.

Потоа следат имигранти од Египет (7.795), Тунис (6.761), Бангладеш (6.729) и Пакистан (6.161), соопштија од Министерството за внатрешни работи на Италија.

Подготвено од М.Н.

About Author