legionela polska

24.08.2023 Скопје

Бројот на смртни случаи од бактеријата легионела во Жешов во југоисточниот полски регион Субкарпатија се искачи на пет, соопшти полското Министерството за здравство.

Во моментов се хоспитализирани 74 лица. Општината активираше кризна единица а од вчера во градот се и министерката за здравство Катаржина Сојка и директорот на Генералниот здравствен инспекторат Кшиштоф Сачка.

Во соопштението од Министерството за здравство истакнато е дека се проверува можноста општинската водоводна мрежа да е извор на заразите.

Како мерка на претпазливост, општината Жешов нареди дезинфекција на водоснабдувањето кое ќе се изврши во текот на викендот.

Подготвено од М.Н.

About Author