Image by vwalakte on Freepik

22.08.2023 Скопје

51 процент од приватните станари во Англија се изложени на ризик да го загубат својот дом бидејќи не можат да ја платат месечната кирија.

Овој податок произлегува од новата студија на Shelter, добротворна организација која се бори за правата на станарите во Обединетото Кралство.

Истражувањето покажа дека 55 отсто од станарите забележале зголемување на киријата во изминатата година, бидејќи понудата ја надминува побарувачката, а станоиздавачите се соочуваат со повисоки трошоци за хипотека.

Најновите податоци на Националната канцеларија за статистика (ONS) покажаа дека кириите низ целата земја пораснале за 5,3 отсто од почетокот на годината до крајот на јули.

Подготвено од М.Н.

About Author