19.08.2023 Скопје
Генералниот директорат за благосостојба на регионот Ломбардија соопшти дека во провинцијата Лоди е идентификуван случај на „Денга“, вирус кој го пренесуваат комарците.
Одделенијата за превенција на Атс Милано и Ац Валпадана ги дефинираа вонредните акции за дезинсекција во непосредна близина на местата посетени од пациентот.
Атс од Милано и Валпадана, исто така, подготвуваат соопштение за општите лекари и болниците за итни случаи за да ги препознаат симптомите и да активираат специфични дијагностички патишта.
Од Министерството за здравство на Италија соопштија дека пациентот заразен од Денга е во стабилна состојба, но упатија апел до сите граѓани во тој регион за индивидуална заштита од комарци на отворен но и затворен простор.
„Неопходно е граѓаните да се заштитат од каснување од комарци, особено постарите луѓе или лицата кои се најзагрозени од последиците на болеста“, стои во соопштението на Министерството.
Подготвено од М.Н.