10.08.2023 Скопје
За разлика од европските земји кои се погодени од високата инфлација, кинеската економија денеска официјално влезе во дефлација, бидејќи потрошувачките цени во јули паднаа за 0,3 отсто на годишно ниво.
Потрошувачките цени, кои последен пат се лизнаа на негативна територија во февруари 2021 година, се на работ на дефлација во Кина со месеци бидејќи очекуваното закрепнување на потрошувачката не се оствари дури и откако властите ги укинаа антиепидемиските мерки на почетокот на годината.
Најновата статистика за дефлација веројатно ќе поттикне дополнителен стимул од официјален Пекинг сега, бидејќи кинеската економија се соочува со забавување во секторот на недвижности и послаба трговија.
Креаторите на економската политика во Кина се обидоа да ја стимулираат економијата со воведување одредени мерки, како даночни олеснувања за компаниите, но тоа не даде голем резултат.
Подготвено од А.Ѓ.