https://www.flickr.com/photos/107419833@N07/15630227516/in/photolist-2mLBU6w-pPc16j-2i1L1YP-2j96C7B-2j3dkKZ-C7L8oE-2kVwZu1-2neBaDH-2n2mKKp-QwEDWD-2iWJkZZ-nPxtbe-22odYd5-KByECr-2hHdpgq-2mw5Hhe-2kd4of8-F1J7Gd-yRZo4K-2kMSCo7-9j3Dke-2ksYy4S-2nkfyWk-oFoCVp-2mXTeGU-2m3AZFv-JPLk3C-2hvb7Zc-2kuSzmc-2iF2qC9-2ktq7FX-o6BLmv-2jhZMVb-X1qgfb-2mWsjRq-2kRPkW7-PpsWrJ-Vw7Dbh-jffssX-2jESR9r-EeHy16-2jfrKoK-2nLeWCn-2iDvuub-2jhYwgw-2jtUyH2-DWS2Us-oNBrXt-WKEcqo-Ujbxyv

14.08.2023 Скопје

Во кампот Лија, во американската воена база Бондстил во Урошевац за триесетина Авганистанци се уште е блокиран патот до преселување во САД.

Дел од нив немаат поминато безбедносни проверки, додека пак други се уште чекаат.

Американскиот Стејт департмент истакна дека работат на изнаоѓање решение за нив што е можно поскоро.

Владата на Косово изрази подготвеност да го продолжи нивниот престој за уште една година.

Во август 2021 година, Косово го одобри барањето на САД да прими до 2.000 Авганистанци кои работеле со странски сили во изминатите 20 години, откако талибанците го зазедоа Кабул. Авганистанците биле сместени на две блиски локации. Во кампот на компанијата Бехтел-Енка, како и внатре во американската воена база на Косово.

Првата група Авганистанци пристигна во Косово на 29 август 2021 година. Според владините податоци, оттогаш близу 1.900 Авганистанци нашле засолниште во Косово.

Повеќето се преселиле во Соединетите Држави, на некои им бил забранет влез бидејќи не го поминале процесот на проверка. Голем број се пресели во трети земји.

Според податоците на Владата на Косово, во Бондстил се уште има околу 30 Авганистанци. Не им е дозволено да го напуштат кампот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author