30.08.2023 Скопје
Асоцијацијата на европски производители на автомобили денеска објави дека во јули во земјите на ЕУ се регистрирани 851.156 нови автомобили, што е за 15,2 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани.
Ова е 12-ти последователен месец на раст на бројот на нови регистрирани автомобили во ЕУ.
На годишно ниво раст е забележан на најважните европски пазари на автомобили, а најголем е во Франција – 19,9 отсто, Германија – 18,1 отсто, Шпанија – 10,7 отсто, Италија – 8,7 отсто.
Во јули се регистрирани најголем број нови возила на бензин – 35,8 отсто, потоа хибридно-електрични возила (HEV) – 25,6 отсто, електрични возила на батерии – 13,6 отсто и дизел автомобили – 14,1 отсто.
Бројот на нови регистрирани електрични возила на батерии се зголеми за 60,6 отсто на годишно ниво во јули, на 115.971 автомобил.
Од јануари до јули, пазарот на автомобили во ЕУ порасна на годишно ниво за 17,6 отсто, односно за 6,3 милиони возила.
И покрај многу добрите резултати, продажбата на нови автомобили се уште е за 22 отсто помала од истиот период од 2019 година.
Подготвено од А.Ѓ.