22.08.2023 Скопје
Новиот бран пожари што избувнаа во различни области на Грција принуди многу жители да се евакуираат, а медиумите соопштија дека има и жртви.
Неконтролиран пламен беснее на североистокот на земјата, на островите Евија (во близина на Атина) и Цитнос, како и во регионот на Беотија северно од грчката престолнина.
Наредба за евакуација е издадена синоќа во болницата во Александрополис, пристанишен град во североисточна Грција сместен во област каде што пожарите продолжуваат да беснеат четврти ден по ред.
Крајбрежната стража соопшти дека евакуирала 65 луѓе на траект што чекал во пристаништето.
Во центарот на островот Евија, вчера вечерта беше наредена евакуација во индустрискиот град Неа Артаки каде пожар оштети живинарски фарми.
Пламените јазици го загрозуваат и Националниот парк Дадија, на северот на земјата, каде вчера вечерта беше откриено тело, за кое се верува дека е мигрант без документи.
Европската унија најави распоредување на два противпожарни авиони со седиште во Кипар и романски противпожарен тим преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.
Подготвено од М.Н.