zicara kotor crna gora

03.08.2023 Скопје

Жичарницата „Котор-Ловќен“ во Црна Гора, официјално ќе биде отворена за комерцијални возења на 14 август, а цената на возење во еден правец за возрасни ќе биде 13 евра, додека повратен билет 23 евра.

Цените на детските билети ќе бидат значително пониски, па возењето во еден правец ќе чини седум евра, односно 12 евра за двата правци.

Трасата на жичарницата започнува од Дуб, која се наоѓа на територијата на општина Котор, а води до локацијата Кук на планината Ловќен, на височина од 1.348 м.н.в.

„Она што можеме со гордост да го истакнеме е дека Црна Гора наскоро ќе добие жичарница со поглед на еден од најубавите заливи во светот, чија изградба, како и безбедносните проверки и протоколи, одговараат на највисоките меѓународни стандарди“, соопштија од Жичарницата и истакнаа дека изразуваат посебна и најголема благодарност до премиерот Дритан Абазовиќ, без чие вклучување и помош од неговиот тим, овој проект немаше да биде завршен.

Подготвено од М.Н.

About Author