ptichji grip virus

07.08.2023 Скопје

Здравствените експерти соопштија дека новата варијанта на коронавирусот (SARS-CoV-2) позната како EG.5.1 се шири во светот.

Според податоците од Outbreak.info, страница што ги собира податоците за SARS-CoV-2, заклучно со 24 јули, 2.442 секвенции на EG.5.1 биле откриени во 36 земји во светот, вклучително и најмалку 18 случаи во Израел.

Британските здравствени власти соопштија дека видот стана поприсутен во Обединетото Кралство бидејќи продолжуваат да растат хоспитализациите на Ковид-19. На социјалните мрежи вирусолозите ја нарекоа варијантата ерис.

Според Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA), следењето на варијантата EG.5.1 почна на почетокот на јули поради зголемените извештаи на меѓународно ниво, особено во Азија. Видот првпат беше откриен во март.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author