04.08.2023 Скопје
Евростат објави дека Србија во 2022 година има извезено 40 милиони литри пиво во Европската унија. Овој резултат значи дека Србија имала осум отсто учество во увозот на пиво во ЕУ од земји кои не се членки на оваа организација.
Во оваа категорија лидер е Велика Британија, која во 2022 година има извезено 290 милиони литри пиво во ЕУ, а значајни извозници се Мексико – 99 милиони литри, Украина – 15 милиони литри и Кина – 11 милиони литри.
Минатата година Европската унија има извезено 860 милиони литри пиво во Велика Британија, во САД – 716 милиони литри, во Кина – 349 милиони литри, во Русија – 271 милиони литри, во Канада – 155 милиони литри.
Во 2022 година, ЕУ произведе речиси 34,3 милијарди литри пиво со алкохол и 1,6 милијарди литри пиво со содржина на алкохол помала од 0,5 проценти – вклучително и безалкохолно пиво.
Производството на пиво со алкохол е зголемено за седум отсто во однос на 2021 година и се приближи до резултатот од 2019 година, кога беа произведени 34,7 милијарди литри пиво.
Вкупното производство на пиво во ЕУ во 2022 година е еквивалентно на потрошувачка од 80 литри по жител.
Германија и минатата година беше најголем производител на пиво во ЕУ со 7,6 милијарди литри хмељ, а по неа е Шпанија со 3,9 милијарди литри. Полска – 3,7 милијарди литри и Холандија – 2,6 милијарди литри.
Подготвено од А.Ѓ.