avstralija referendum

30.08.2023 Скопје

Австралиската влада го одреди 14 октомври како датум за историски референдум за уставни реформи – прв во таа земја по 24 години – со цел да се формира јавно тело за заштита на австралиските Абориџини и да се признае нивниот статус на „Први нации“.

На 14 октомври, Австралијците ќе имаат генерациска можност да ја обединат земјата и да се променат на подобро, изјави премиерот Ентони Албанес, чија влада е цврст поддржувач на иницијативата.

За да биде усвоен, уставниот амандман ќе треба да освои едноставно двојно мнозинство, и на национално и во повеќето австралиски држави.

Според критичарите на иницијативата, „Гласот“ наместо да се формира јавно тело за заштита, тоа ќе стане дополнителна алатка на владата за да ја контролира слободата на изразување и „позитивната дискриминација“, зголемувајќи ги поделбите во земјата.

Против „да“ застанаа и некои абориџински организации, според кои иницијативата е фасадна одредба што би го попречила донесувањето на поконкретни мерки за историска правда.

Подготвено од М.Н.

About Author