26.08.2023 Скопје
Воени претставници на земјите на НАТО се сретнале на непозната локација на полско-украинската граница со главниот командант на украинската армија, генерал Валериј Залужни, соопшти анонимен извор, а средбата била дефинирана како „воен совет“.
За оваа средба објавија и британските медиуми, според кој Залужњи го повел со себе целиот свој команден тим на патување на околу 300 милји од Киев.
Целта на состанокот, кој траел пет часа, бил со причина да помогне во ресетирањето на воената стратегија на Украина.
Меѓу приоритетните теми била актуелната украинска контраофанзива, борбените планови за претстојната зима и долгорочната стратегија.
Меѓу присутните официјални лица на овој состанок биле американскиот генерал Кристофер Каволи, врховен командант на силите на НАТО во Европа и британскиот адмирал Тони Радакин, началник на Генералштабот на армијата на Обединетото Кралство.
Подготвено од М.Н.