https://www.flickr.com/photos/183680612@N07/50231436701/in/photolist-2jwMf6t-2dXkexh-6g7Fd6-czKe4d-6T74xm-TRhTCZ-6ppTGx-2mTucSn-dLnmNg-7wTrx7-oPfoC-2dXkep1-ac6gr4-8YsnXb-KA2Ku-ap8ZcJ-zCtEp9-2dXkej1-pF6Z75-2hw3CQP-4ASWge-HMesgh-4ASWci-dstzsC-4BWho1-FCb8ec-FzRPPm-2awtM35-5oZGW4-KoZawf-eT6Ltm-p42vDh-29Z3kp9-aedam-vY47T-5cPkDP-fnQH2F-6eNxyo-24rNoNP-RhTcMe-6vAatG-6eNy7J-6eJpza-23vkmWa-6HRTML-aXYGBM-54jWL-9m9MW-3tjfFy-gZotdA

08.08.2023 Скопје

Потпаролот на американската војска Даф Буш изјави дека САД официјално ја одобрија испораката на првата серија тенкови Абрамс во Украина, а тенковите треба да пристигнат во Украина до почетокот на есента.

Тенковите треба да стигнат до Европа, а потоа да бидат префрлени во Украина со муниција, резервни делови и опрема за гориво, истакна потпаролот Буш.

Украинските војници започнаа со обуката како да управуваат со тенкови уште во мај во Германија.

Вкупно 31 тенк од моделите М1-А1 наменети за Украина беа подложени на реновирање и подготовка за испорака неколку месеци претходно, а официјалното одобрување за испорака е донесено во текот на викендот, додаде Даф Буш.

Подготвено од М.Н.

About Author