24.08.2023 Скопје
Американската влада се согласи да го продолжи ослободувањето што им овозможува на производителите на микрочипови од Јужна Кореја и Тајван да продолжат со извоз на напредни полупроводници и сродни производствени машини во Кина.
Одлуката би можела значително да ја намали ефективноста на ограничувањата донесени од Вашингтон за да го ограничи растот на Кина во високотехнолошкиот сектор.
Од друга страна, непродолжувањето на исклучоците би предизвикало назадување во глобалниот синџир на снабдување со полупроводници, бидејќи процесот на одвојување на гигантите во секторот од првата азиска сила ќе трае неколку години.
САД во октомври минатата година воведоа строги ограничувања за извоз на напредни полупроводници и машини за производство на микрочипови во Кина, како и забрана на „американските лица“ да и помагаат на кинеската индустрија за микрочипови без посебни лиценци.
Сепак, водечките светски гиганти за полупроводници, Samsung Electronics, Sk hynix и Taiwan Semiconductor Manufacturing Co (TSMC) работат со големи производствени центри во Кина и успеаја да добијат едногодишни исклучоци кои избегнаа нагли последици врз нивниот бизнис.
Глобалната продажба на полупроводници изнесуваше 570 милијарди долари минатата година, а околу една третина од вкупната сума беше произведена во Кина, која останува водечки производствен центар за потрошувачка електроника, како што се iPhone-ите на Apple.
Кина ја надмина Јапонија по обем на производство на микрочипови во 2021 година, рангирана на третото место во светот по Јужна Кореја и Тајван.
Подготвено од М.Н.