25.08.2023 Скопје
Утре ќе се одржи 36. издание на охридскиот маратон. Познати се сите учесници, од кои шест се македонски пливачи.
Нашата држава ќе биде претставувана од: Евгениј Поп Ацев, Кристијан Стојановски, Ивана Неделковска, Јована Неделковска, Александар Илиевски и Леонид Мишевски.
Аргентина ќе учествува со двајца пливачи, Италија со тројца, Турција со двајца, Холандија и Франција со по еден пливач.
Наградниот фонд изнесува 12.000 евра. Распоредени се за прво место 2.500 евра, за второ 1.500 и трето место 1.000 евра.
Новина оваа година се два летечки спринта со награда од по 500 евра во машка и женска конкуренција, соопшти Ристе Јанкоски, координатор на организациониот одбор на Охридскиот пливачки маратон.
Подготвено од М.Н.