vlada na rusija

03.08.2023 Скопје

Владата на Руската Федерација денеска ја вклучи Норвешка на списокот на земји кои вршат непријателски дејствија против руските дипломатско-конзуларни претставништва.

Во соопштението на руската влада се наведува дека со оваа одлука Норвешка е ограничена на 27 лица кои може да ги вработи во своите дипломатски претставништва на територијата на Русија.

Во мај 2021 година беа воведени ограничувања за дипломатските претставништва на САД и Чешка, а во јули 2022 година за дипломатските претставништва на Грција, Данска, Словенија, Хрватска и Словачка.

„Списокот одобрен од владата не е конечен и имајќи ги предвид тековните непријателски дејствија на странски држави насочени против руските мисии во странство, тој може да биде проширен“, се вели во соопштението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author