10.08.2023 Скопје
Од вчеравечер почна да тоне познатиот сплав „Габијано“ на Дунав во Нов Белград лоциран на кејот Земун.
Сплавот веќе е половина под вода. Првичните информации говорат дека објектот кога започнал да тоне немало гости ниту персонал.
Како што е наведено на страницата на Инстаграм „Мој Београд“, се очекува да започне спасувачката операција.
На местото на настанот има еден работник, кој објаснил дека на почетокот понтонот попуштил, по што сплавот почнал да тоне.
Подготвено од А.Ѓ.