uragan

30.08.2023 Скопје

Центарот за урагани прогнозира дека брегот на Мексиканскиот залив во американската сојузна држава Флорида денеска ќе биде погоден од бура „Идалија“ и силен дожд, а ветерот ќе достигне јачина на ураган од четврта категорија.

Од вчеравечер беа издадени задолжителни наредби за евакуација во најмалку 28 од 67 окрузи на Флорида.

„Ако не сте евакуирани, треба да го направите тоа сега“, рече директорот за управување со вонредни состојби на Флорида, Кевин Гатри.

Предупредувањата за урагани беа издадени за повеќето од 21 милион жители на Флорида, како и за многумина во соседните американски држави Џорџија и Јужна Каролина.

Во сите три држави на сила е вонредна состојба.

„Идалија“ постигна брзина од 177 километри на час додека се движеше кон брегот на Флорида.

Центарот за урагани предупреди дека на заливскиот брег на Флорида, југоисточна Џорџија и источна Северна и Јужна Каролина се прогнозира да наврнат од 10 до 20 сантиметри дожд на метар квадратен до четврток, истакнувајќи дека островите и пониските делови на брегот ќе бидат поплавени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author