https://www.flickr.com/photos/ukrainewarphotos/52033668655/in/photolist-2nh39Sc-2ndXXDU-2nddWi7-2nnvYdr-2nd8RLh-2neRErt-2ngRH9C-2ne5wTW-2nd5jx5-2nd876p-2ndsesc-2ngkFos-2ngMh5U-2ngqtYK-2nf3Ezk-2ngMTT8-2ndobHR-2nhfqVk-2ne7tfd-2ngrQWJ-2nddzC3-2ndeXBW-2ne6iRw-2nhg8Qn-2nd4oHK-2nhiNiK-2nhaPuF-2nh6sQg-2nh6EjL-2ndWCRR-2nh2uRM-2ngURQc-2ne6hzY-2ndoVQN-2nhcJWQ-2nhf9aS-2ngm7Ab-2ngoWaM-2nie7k3-2nhckjN-2ne3J5a-2ncLWi5-2nfbpxC-2nhuwVv-2ne3ZfJ-2ncbM9g-2nhckjs-2nhcz1s-2nhdBPh-2nhcz7e

14.08.2023 Скопје

Советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак, на X (поранешен Твитер), објави дека на Украина и требаат проектили со долг дострел (Таurus и Аtacms), осврнувајќи се на САД и Германија за што наскоро да би можеле да ги набават проектилите.

„Ракетите со долг дострел за Украина сега би значеле нагло намалување на борбените способности на Русија“, стои во објавата на Подољак.

Според советникот, цел би било да се погоди руската логистика, „Магацини, транспорт, гориво“ и со тоа да се фаворизира „забрзување на украинските офанзивни операции“.

Исто така, со добивањето на проектилите со долг дострел, според Подољак, ќе се спасат животите на украинската војска, ќе се минимизираат загубите, и ќе се намали ескалацијата на војната.

Подготвено од М.Н.

About Author