10.08.2023 Скопје
Украина повеќе не е подготвена директно да преговара со рускиот претседател, но ги поддржува напорите за посредување од трета страна, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
„Злосторствата извршени од почетокот на агресијата на нашата земја се премногу сериозни за да седнеме на иста маса. Апсолутно, не му веруваме. Сепак, можно е посредување од трета страна“, истакна Кулеба, кој го оцени учеството на кинеската делегација на состанокот минатиот викенд во Џеда, Саудиска Арабија како „фундаментално“.
Кулеба зборуваше и за украинската контраофанзива, која „напредува бавно, но континуирано“ и објасни дека главните пречки ги претставуваат „силните одбранбени позиции што ги подигнаа Русите во последната година“.
Подготвено од М.Н.