ukraina izvoz na zito

11.08.2023 Скопје

Меѓународното хуманитарно право мора да се почитува „на копно и на море“, изјави Фархан Хак, заменик портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации, на прес-конференција со новинарите.

Хак на тој начин ја коментираше најавата на Украина за привремено отворање на коридори во Црното Море за трговски бродови кои влегуваат и излегуваат од пристаништата, со цел да се олесни транзитот на житни култури за извоз.

„Свесни сме за изјавата од Украина. Безбедната пловидба за трговските бродови е една од придобивките од иницијативата на Црното Море, иницијатива за која се надеваме дека може повторно да се активира“, истакна Хак, прецизирајќи дека Обединетите нации не одиграле никаква улога што би можела да доведе до оваа објава од Киев.

Во исто време, морнарицата предупреди и на потенцијалната опасност од страна на Русија, имено дека постои воена закана и опасност од мини поставени од Русите „на сите рути“.

Наведените рути главно се наменети за заминување на цивилни бродови од украинските пристаништа Чорноморск, Одеса и Пивдени.

Подготвено од М.Н.

About Author