03.08.2023 Скопје
Советскиот национален грб е отстранет од споменикот на татковината, кој се издига над украинскиот главен град Киев.
A historic moment in Kyiv. Down go the Soviet hammer & sickle. Next up 🇺🇦 trident.pic.twitter.com/ltXLyJSttR
— Mattia Nelles (@mattia_n) August 1, 2023
На снимката се гледаат работници како резбаат чекан и срп од штитот што го држи женска фигура, симбол на татковината.
Тие ќе бидат заменети со грб со трозабец, државниот симбол на Украина, кој ги симболизира старите словенски племиња кои некогаш живееле на територијата на таа земја.
Работата треба да биде завршена до 32-годишнината од Декларацијата за независност на Украина на 24 август. Фигурата што ги држи штитот и мечот е висока 62 метри, што ја прави највисоката статуа во Европа и речиси 16 метри повисока од Статуата на слободата во Њујорк. Целиот споменик, вклучувајќи ја и основата, е висок 102 метри и тежок речиси 500 тони.
Уште во советско време, музејскиот комплекс со статуата беше официјално отворен по повод Денот на победата над Хитлерова Германија.
Подготвено од А.Ѓ.