nevreme

04.08.2023 Скопје

Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека невремето кое ја зафати Словенија и предизвикува тотален хаос, доаѓа кон Република Северна Македонија.

Во текот на утрешниот ден ќе имаме силен дожд и грмежи низ земјава, особено во попладневните часови.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека интензитетот на невремето во Република Северна Македонија ќе биде послаб од тоа во Словенија, но сепак апелира на внимателност.

„Овој фронтален систем постепено се поместува и утре од пладне го очекуваме во нашата земја. Веќе од попладнето, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има нестабилност на повеќе места. Таа ќе биде проследена со поинтензивни процеси во форма на невреме со поинтензивен дожд и за шест часа некаде ќе наврнат и над 20 литри на метар квадратен. Ќе има и силен ветер, електрични празнења“,изјави Ленче Ризова од УХМР.

Утрешното најавено невреме го вклучи алармот и кај Водовод и канализација.

Екипите од претпријатието започнале со расчистувањае на сливниците и шахтите на критичните точки во градот, со цел непречено функционирање на атмосферската канализација.

Што се однесува до времето во наредните денови во земјава, ќе имаме пад на температурите кои ќе се движат од 14 до 33 степени.

Според статистиките на УХМР, август ќе биде значително посвеж месец од јули.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author