severna koreja uapsen vojnik sad

16.08.2023 Скопје

Американскиот војник Тревис Кинг, уапсен на 18 јули од севернокорејските власти откако ја преминал демаркационата линија со Јужна Кореја, признал дека илегално влегол на територијата на Северна Кореја и дека тоа го сторил поради нехумано малтретирање и расна дискриминација во Армијата на САД.

Оваа информација произлегла од првичната истрага на надлежен орган, која што се уште е во тек.

Американскиот војник, кој служеше во Јужна Кореја, изјавил дека е разочаран од нееднаквото американско општество и ја изразил својата подготвеност да побара политички азил во Северна Кореја или во некоја трета земја.

Според Пентагон, војникот намерно ја преминал демаркационата линија меѓу двете Кореи за време на турнеја со водич.

Кинг (23) беше на пат да се врати во САД за да се соочи со дисциплинска постапка откако беше уапсен во Сеул и помина 47 дена во јужнокорејски затвор.

Однесен на аеродромот од локалните власти, војникот не се качил, туку се пријавил за туристичка тура со водич на демаркационата линија.

Подготвено од М.Н.

About Author