https://www.facebook.com/photo/?fbid=501011488701177&set=a.501011438701182

04.08.2023 Скопје

Управителот на вилата Алсео во градот Виџо изјави дека група млади германски туристи, кои се фотографирале во вилата во Северна Италија за потоа фотографиите да ги објават на социјалните мрежи, се обвинети дека имаат урнато вредна статуа.

Тој рече дека двајца од групата се качиле во фонтаната за да ја гушнат статуата „Домино“, дело на уметникот Енрико Бути, додека други ја буткале со стап пред да падне на земја високата скулптура од 1,70 метри.

Менаџерот на вилата Бруно Голферини изјавил дека поднел жалба до локалната полиција против сите 17 германски туристи, кои биле во групата што ја изнајмила вилата.

Тие ја напуштија Италија по инцидентот во понеделникот, кој беше снимен од надзорните камери на вилата.

Статуата е стара околу 150 години и е проценета на околу 200.000 евра, рече Голферини, велејќи дека ќе биде тешко да се санира поради дополнителни оштетувања на плочките во фонтаната.

„Домина беше на некој начин жената која ја штитеше вилата“, рече тој, додавајќи дека „за жал има неуки кои прават такви работи“.

Во јуни јавноста во Италија се крена, кога турист од Англија беше фотографиран на социјалните мрежи како го чкрта графитот „Иван + Хејли 23“ на ѕидот на Колосеумот во Рим.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author