deca so telefoni vo raka

29.08.2023 Скопје

Турскиот министер за образование, Јусуф Текин, на конференција со претставници на образовните институции од целата земја соопшти дека, во новата учебна година се предвидува да се забрани користење на мобилни телефони од страна на учениците за време на наставата во образовните институции.

„Не е во ред да се дозволуваат мобилни телефони и дигитални уреди во образовните институции, бидејќи дигиталната зависност го кочи образовниот процес“, истакна Текин.

Турскиот министер за образование не прецизираше дали ваквата мерка ќе важи и за државните и за приватните училишта во државата.

Подготвено од М.Н.

About Author