https://www.flickr.com/photos/libardoni/5346397717/in/photolist-99rFLZ-7K4HaL-orEVv4-eXRJP6-fF7R5s-aHzJpD-VoWtsK-7gGYMD-7HSL7J-5PUSAf-6DRu3p-6w3yKh-6DRsVH-anBrbB-eXRjMd-56Y5eH-cEx7zj-35MTNZ-8oQCT6-qCUAt3-35NPzc-6eMbXG-8vGh6W-oFtdf3-9iMcxC-dxPs5u-dxHYeM-ukvzc-dFibbT-dxHTx4-dxPoys-7n5yks-85f2Jc-7HNzMP-4RWv38-zUuBRd-aYstmx-8oQFDv-7kBJ7F-5SfZf2-eQCZik-81nBAR-7ZPfUn-dxHWtg-2mTtTcn-hSxFbm-dFid7X-2eSWMS7-rygjwT-qTTmcM

19.08.2023 Скопје

Турција се обидува да го зголеми своето влијание во Медитеранот, гласините за 99-годишниот закуп на либиското пристаниште Хумс се само последниот пример на оваа дипломатска активност, која, сепак, останува сложена операција за Анкара.

Во либиското пристаниште Хумс, Турција би можела да постави поморска база која, според аналитичарите, најверојатно ќе стане еден вид симбол на турското присуство.

Турција дејствува и во Северна Африка и Сахел токму за да ја зацврсти својата позиција во Либија.

По долгогодишни комплицирани односи, Анкара го продолжи дијалогот со Египет и се впушти во нормализација на односите, процес што следи по сличните дипломатски иницијативи што Турција ги покрена со Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Целта на Анкара е јасна, „да се обиде да ја врати својата „отоманска“ сфера на влијание и да ја врати Северна Африка и значителен дел од Блискиот Исток под своја контрола“.

Регионот е преголем, и покрај тоа што претседателот Реџеп Таип Ердоган е силен лидер и може да се претпостави дека ќе го следат дел од жителите на Блискиот Исток.

Сепак, аналитичарите велат дека, секоја надворешнополитичка активност бара средства, а имајќи предвид дека Турција има неколку долгови, речиси е невозможно да се зборува за успех за оваа иницијатива.

Подготвено од М.Н.

About Author