08.08.2023 Скопје
Трговскиот дефицит на Франција се намали на 54 милијарди евра во првата половина од оваа година, од 89 милијарди евра во претходните шест месеци, односно втората половина од 2022 година, главно благодарение на пониските цени на енергијата, соопшти министерството за економија.
Како што пренесуваат медиумите во Франција, во 2022 година, која е одбележана со руската инвазија на Украина и глобалната енергетска криза, Франција забележала дефицит од 164 милијарди евра за цела година.
Генерално, Франција можеше да смета на остар пад на увозот во однос на вредноста, еднаков на 9,4 отсто во споредба со претходните шест месеци, наспроти многу благ пад на извозот, за да закрепне дел од лошите резултати од минатата година.
Наспроти ова, извозот на воздухопловството се зголеми за 12 отсто со вишок од 16 милијарди евра, додека парфемите и козметиката пораснаа за 7 отсто со вишок од 8 милијарди евра.
Извозот на автомобили во Франција е зголемен за 8 отсто, а текстилот за 3 отсто, стои во извештајот на Министерството.
Подготвено од М.Н.