04.08.2023 Скопје
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни за невин по обвинението во кое се обвинува за обид за поништување на резултатите од претседателските избори во САД во 2020 година.
Трамп, откако го напушти својот клуб во Бедминстер, Њу Џерси, со приватен авион замина за Вашингтон, каде слета на аеродромот Роналд Реган, од каде пристигна во федералниот суд.
Тој досега ги негираше сите обвинувања, а пред да замине повторно на својата социјална мрежа „Вистина“ напиша дека случајот е политички мотивиран и тврдеше дека изборите во 2020 година биле нефер.
Претходно изјави дека оди во Вашинготн за да го уапсат бидејќи, како што наведе, „ги доведувал во прашање корумпираните, наместени и украдени избори“.
„Почестен сум затоа што ќе ме уапсат поради вас. Да ја направиме Америка повторно голема!“, порача Трамп.
Тој додаде дека му е потребно „уште едно обвинение“ за да ги обезбеди изборите.
Специјалниот обвинител Џек Смит во вторникот поднесе ново обвинение против Трамп, кое се состои од четири точки во кои поранешниот претседател е обвинет за измама на САД, заговор за попречување на официјална постапка (пренос на власта), попречување и обид за попречување на службено лице, постапка и прекршување на правата гарантирани со законите и Уставот на САД.
Подготвено од А.Ѓ.