https://www.flickr.com/photos/gageskidmore/30354768350/in/photolist-Nfm861-NfmeVd-NGQCYF-Nww1xh-MJQzua-MJQMLe-MK39tW-NDDmcA-NGQqxi-NGQ4hx-Nz4cyv-NGQpBF-NfkEkC-NfmfoC-NDDv5L-NfksU1-NwvYaw-MJQWfi-NDDNYm-MJQ4nX-Nz3N82-Nz4p8c-MJQCVD-NGQDVF-NDDu7U-Nz4kGp-NDD8Fd-NfkBPf-Nww7us-NDDajo-MJQdMt-NGQzxT-MK3rBo-MJQ7PX-26JzSKX-25DgYrU-LHj5Ed-LjV16A-KPpEFt-LALZK7-LAL6VW-LLk6Bc-KPpVdp-KPc6eU-LAM6bs-KPqZ98-LLk8UD-LLk7QV-KPpYwD-KPcgfq

17.08.2023 Скопје

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и уште 18 други обвинети во случајот со претседателските избори во Џорџија во 2020 година, се повикани од шерифот на округот Фултон, Пат Лабат, сами да се предадат.

Обвинителката на округот Фултон ,Фани Вилис, пред извесен период предложи судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за обвиненијата за мешање во изборите да започне на 4 март 2024 година, датум кој е на среде кампањата за републиканска претседателска номинација на Трамп во 2024 година.

Обвинителката Вилис, исто така, вчера ја поднесе својата препорака во судското поднесување во кое се вели дека, првичните појавувања за различните обвинети во изборниот случај во Џорџија треба да започнат на 5 септември.

Подготвено од М.Н.

About Author