tramp ke izleze pred sudija

26.08.2023 Скопје

Адвокатот од Флорида, Лоренс Каплан, поднесе тужба до сојузниот суд со која го оспорува правото на Доналд Трамп повторно да се кандидира за претседател на САД во 2024 година.

Адвокатот се повикува на 14-тиот амандман на американскиот Устав и одредбата која наведува дека оние кои учествувале во бунт против владата не можат да бидат на функција, соопштија локалните медиуми.

Поранешниот американски претседател на САД се соочува со четири обвиненија, од кои две се однесуваат на наводен обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година.

Според адвокатот Каплан, Трамп „веќе нема право“ да се кандидира за која било функција во САД.

Подготвено од М.Н.

About Author