03.08.2023 Скопје
Поради топлотниот бран што ги зафати Тексас и Луизијана, цените на бензинот во САД само во изминатата недела се зголемија за 15 центи и со тоа ја забави работата на рафинериите за нафта.
Рафинериите, кои суровата нафта ја претвораат во производи како бензин или течен гас, работат многу полошо на температури повисоки од 37 степени.
Зголемените цени на енергетските производи влијаат на растот на цените на другите производи и на тој начин ја одржуваат инфлацијата на високо ниво, што поради тоа ги отежнува напорите на ФЕД да ја заузда.
Од друга страна, побарувачката на гас во САД најмногу се зголемува во текот на летото, а моментално залихите на бензин во САД се на најниско јулско ниво од 2015 година.
Иако цените растат, тие сè уште не се ни блиску до нивото од минатото лето.
Подготвено од А.Ѓ.