toplinska pumpa

16.08.2023 Скопје

Во наредните години ЕУ планира да инвестира стотици милијарди евра во овој сè поефикасен начин на греење и ладење.

Според податоците на Евростат, околу 50 отсто од вкупната потрошена енергија во ЕУ се користи за греење и ладење, а повеќе од 70 отсто се уште доаѓа од фосилни горива. Во секторот домување, околу 80 отсто од финалната потрошувачка на енергија се користи за греење на просторот и водата.

Топлинските пумпи се зрела технологија која е енергетски поефикасна од котлите. Тие овозможуваат поголемо искористување на обновливите извори на енергија и енергијата од околината. Во зградите топлинските пумпи се користат за загревање простор и вода, а во некои случаи и за ладење. Наместо да произведуваат топлина, тие ја подобруваат амбиенталната енергија или геотермалната енергија. Циклусот на ладење во повеќето случаи е циклус на компресија на гас кој троши електрична енергија, но има и циклуси кои се поттикнати од топлина.

Извештајот објавен во 2022 година од страна на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предвидува дека топлинските пумпи ќе ја намалат побарувачката на гас во Европа за греење на зградите за најмалку 21 милијарда кубни метри во 2030 година.

Во согласност со целите поставени во Европскиот зелен договор, планот RePowerEU повикува на почетни инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Ова има за цел да го намали увозот на фосилни горива и да ја удвои сегашната стапка на употреба на топлински пумпи во зградите. Исто така, поттикнува побрзо имплементирање на големи топлински пумпи за централно греење и ладење. Целта е да се инсталираат најмалку десет милиони дополнителни топлински пумпи до 2027 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author