23.08.2023 Скопје
Јапонскиот производител на автомобили Тојота ќе инвестира 4,4 милијарди пезоси (78,2 милиони долари) на Филипините за развој и производство на два нови модели на автомобили за пазарите во развој во Југоисточна Азија.
Оваа информација ја соопшти јапонската компанија која очекува силен пораст на продажбата во регионот.
„Навистина веруваме дека овде има огромен потенцијал за раст, и бизнис и технологија“, изјави претседателот на Тојота, Акио Тојода, на церемонијата во Манила по повод 35-годишнината од основањето на локалната подружница, „Toyota Motor Philippines“.
Новите инвестиции ќе бидат направени во фабриката на компанијата во провинцијата Лагуна, јужно од Манила и ќе го финансираат производството на модели како дел од проектот „Иновативно меѓународно повеќенаменско возило“, стратегија насочена кон производство на возила со ниски трошоци и карактеристики кои одговараат на потребите на економиите во развој, како што се Филипините, почнувајќи со доволно простор за товар.
Подготвено од М.Н.