tik tok 62

05.08.2023 Скопје

Добро познатата кинеска социјална мрежа, TikTok ќе биде казнет поради нарушување на приватноста на малолетниците.

Одлуката е донесена од Европскиот одбор за заштита на податоци, а таа уследи по истрагата започната во 2021 година од страна на ирскиот комесар за заштита на податоци за нивото на усогласеност на TikTok со Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ и како постапува со податоците на децата на возраст од 13-17 години.

И покрај тоа што TikTok се согласи доброволно да се подложи на измени во овој сегмент во своето седиште во Даблин минатиот месец, комесарот за внатрешен пазар и услуги на ЕУ, Тиери Бретон, изјави дека компанијата треба да направи повеќе за да биде целосно усогласена со правилата.

Раководството на TikTok одговори со објавување на нови мерки што ги презеде за усогласување со Законот за дигитални услуги (DSA) на Европската унија, вклучително и една за да им олесни на корисниците на ЕУ да пријавуваат нелегална содржина и друг што им овозможува да ги исклучат персонализираните видео препораки и да ги отстранат насочените реклами за млади од 13 до 17 години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author