talibanci 1

01.08.2023 Скопје

Претставници на администрацијата на Талибанците се сретнаа во Катар со американскиот специјален пратеник Том Вест, со кого разговараа за укинувањето на забраната за патување и другите рестриктивни мерки воведени против Авганистан.

„Исламскиот емират на Авганистан (ИЕА) повтори дека е клучно да се изгради доверба за отстранување на црните списоци, како и одмрзнување на авганистанските резерви за да можат Авганистанците да изградат економија која не се потпира на странска помош“, рече портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи на Кахар Балки.

Тој изјави дека делегацијата на ИЕА ја предводел вршителот на должноста министер за надворешни работи, а на состанокот присуствувале и претставници на авганистанската централна банка и на Министерството за финансии.

Американската делегација ја сочинуваа 15 членови од различни ресори.

Околу седум милијарди долари од Централната банка на Авганистан беа замрзнати во Банката на федерални резерви на Њујорк во август 2021 година, откако Талибанците ја презедоа контролата врз земјата по 20 години американско присуство.

Ниту една земја досега не ја признала авганистанската влада формирана од талибанците.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author