09.08.2023 Скопје
Тајванскиот полупроводнички гигант TSMC одобри инвестиција од 3,5 милијарди евра за изградба на својата прва фабрика во Европа, која ќе се гради во Германија, соопшти компанијата.
Фабриката, за која се водеа преговори од 2021 година со Слободната држава Саксонија, ќе биде изградена во Дрезден под надзор на подружницата на TSMC, Европската компанија за производство на полупроводници (ESMC).
Во последните месеци, тајванската компанија веќе најави инвестиција од 40 милијарди долари за изградба на нова фабрика во Аризона, а се најавува одобрување капитална инвестиција од околу 4,5 милијарди долари за проект во САД.
Подготвено од М.Н.