25.08.2023 Скопје
Владата на Тајван ја објави одлуката да ги укине ограничувањата за влез на островот на туристи и бизнисмени од континентална Кина, воведени за време на пандемијата „Ковид-19“.
Владата на Тајван прецизираше дека кинеските претприемачи ќе можат да се вратат на аплицирање за краткорочни дозволи за престој – на пример да учествуваат на саеми – почнувајќи од понеделник на 28 август.
Кинеските граѓани кои живеат во трети земји, пак, од 1 септември ќе можат да влезат на островот како туристи.
Кинеските туристички групи првично ќе бидат ограничени на максимум 2.000 посетители дневно, но продолжувањето на групните тури организирани од Кина ќе зависи од властите во Пекинг.
Кина постепено ги обнови туристичките текови на своите граѓани во различни земји, вклучително и Јапонија, но се уште нема преземено слична мерка кон Тајван, која на Пекинг го блокираше издавањето на индивидуални туристички дозволи од 2019 година.
Подготвено од М.Н.