tajfun

09.08.2023 Скопје

Тајфунот Ханун придружен со силен дожд денеска се приближува до јапонскиот остров Кјушу, откако го погоди југозападниот регион Окинава.

Во четврток Ханун би можел да стигне до островот Кјушу, кој се наоѓа на околу 858 километри југозападно од Токио, а тој регион веќе беше погоден од обилни врнежи во текот на изминатата недела, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).

Центарот на тајфунот моментално е над морето, јужно од Кјушу и се движи бавно, со брзина од 10 километри на час, што значи дека дождот и ветерот ќе се задржат на островот подолго.

JMA издаде предупредувања за силен дожд и силен ветер за многу делови од јужна и западна Јапонија.

Железничкиот оператор за западна Јапонија ја суспендираше работата на некои брзи возови во Кјушу.

Друга бура, Лан, се формираше во Тихиот Океан јужно од Јапонија и се прогнозира дека ќе се зајакне додека се движи кон север, најверојатно ќе го погоди Токио на почетокот на следната недела, соопшти JMA.

Двете бури пристигнуваат на почетокот на Обон, врвот на сезоната на летни одмори кога многу Јапонци ги напуштаат големите градови и заминуваат во своите родни места.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author