sobir izvidnici juzna koreja

07.08.2023 Скопје

25-от Светски извиднички собир во Јужна Кореја, на кој се собираат голем број извидници од целиот свет, беше погоден од топлотниот бран во земјата, а сега ќе треба да се справи и со доаѓањето на тајфунот Канун, кој е одговорен за поплавите и штетите во Кина и јужна Јапонија.

Корејската локација Буан во која се одржува настанот, веќе е зафатена со обилни дождови, по деновите на температури над 30 степени Целзиусови кои предизвикаа стотици топлотни удари и поттикнаа неколку извиднички групи однапред да го прекинат учеството на настанот.

Откако организаторите известија дека на стотици учесници им се слошило поради страшната топлина, се организираа протести да не се прекине настанот поради недостигот на санитарни јазли, услуги и климатизирани простории што ги пријавија учесниците и нивните родители.

Илјадници извидниците на возраст од 14 до 17 години, кои дошле од целиот свет, всушност биле сместени на огромен отворен простор целосно без засенчени области и слабо опремени со потребните санитарни услуги.

Претседателот Јун нареди итно испраќање танкери со вода за пиење и „неограничена мобилизација“ на климатизирани автобуси за да се обезбеди олеснување за време на врвните температури.

Јун, исто така, нареди подобрување на квалитетот на храната што им се обезбедува на присутните на настанот, како одговор на некои извештаи за расипани јадења.

Светскиот извиднички собир, за жал, се совпадна со топлотниот бран што Јужна Кореја не го доживеала најмалку четири години, а температурите достигнуваа врв над 38 степени Целзиусови.

Подготвено од М.Н.

About Author