nigerija

03.08.2023 Скопје

Светската банка соопшти дека ги суспендира плаќањата за сите операции во Нигер до понатамошно известување бидејќи е вознемирена од напорите за соборување на демократски избраната влада.

Ова не се однесува само на партнерствата со приватниот сектор.

Светска банка додаде дека внимателно ќе ги продолжи односите со приватниот сектор.

Претходно, Економската заедница на западноафриканските држави (EKOWAS) воведе санкции за Нигер и рече дека може да одобри употреба на сила доколку организаторите на пучот не го вратат демократски избраниот претседател Мохамед Базум на власт во рок од седум дена, почнувајќи од минатата недела.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author