18.08.2023 Скопје
Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Светската банка, ќе издаде обврзници во египетска фунта на светските пазари по одобрувањето на планот на египетската влада, соопшти Владата на Каиро.
Оваа мерка придонесува за зголемување на инвестициското портфолио на компанијата во Египет преку обезбедување дополнителни извори на девизи и промовирање на диверзификација и поддршка на изворите на финансирање достапни за приватниот сектор, стои во соопштението од Каиро.
Подготвено од М.Н.