29.08.2023 Скопје
Судењето на Доналд Трамп, во контекст на мешањето во изборите што кулминираше со нападот врз Конгресот на 6 јануари 2021 година, ќе започне на 4 март 2024 година.
Одлуката на судијката Тања Чуткан може да има значително влијание врз изборната кампања на Трамп со оглед на претседателските избори следната година, бидејќи процесот ќе започне среде републиканските прелиминарни избори.
Џек Смит, специјалниот советник назначен од Министерството за правда да ја координира истрагата за Трамп, првично побара судењето да започне во јануари, додека адвокатите на поранешниот претседател побараа судењето да започне во април 2026 година.
Судиката Чуткан изјави дека тоа се многу далечни предлози и ниту еден од нив не е прифатлив за судот.
Подготвено од М.Н.