30.08.2023 Скопје

Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба, соопшти дека во тек е изградба на нова фитнес зона и ново детско катче на современа тартан подлога во Керамидница.

„Направивме увид во поставувањето на справите на новата фитнес зона која ја градиме Керамидница. Дополнително градиме и ново детско катче со најсовремени реквизити за детска забава. Со изградбата на фитнес зоната и детското катче создаваме нов урбан простор за спорт и рекреација на жителите од Керамидница“, напиша Стефковски на својата официјална фејсбук страна.

Градоначалникот на општина Гази Баба истакна дека како локална самоуправа досега имаат изградено фитнес зони во Маџари и Колонија, „а во периодот пред нас ќе изградиме зони и во другите населени места“.

„Нема повеќе заборавени населени места. Проекти се реализираат насекаде низ нашата Гази Баба“, напиша Стефковски.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *