restoran selo sad

31.08.2023 Скопје

Њујорк е повеќе од огромен, има место за секого. Има и област каде живеат претежно Срби, таму создадоа комуна и се држат заедно. Во средиштето на сето ова е ресторан кој неодамна започна со работа, а во него има се што би ги потсетило луѓето од Балканот на нивната татковина.

Станува збор за локалот „Село“, се наоѓа во Квинс, во Асторија, а во него работат и раководат луѓе од поранешна Југославија.

Она што е интересно е што под името на местото пишува „Српско-хрватска кујна“, а на менито има храна од Истра до југот на Србија.

За помалку од 10 долари може да се набави бурек, кој се дели меѓу двајца, има и полнети пиперки, Караѓорѓева шницла и шопска салата.

Сопствениците се „мешани“ – тој е од Србија, а таа од Хрватска, а косопственици се уште две лица од Хрватска и Црна Гора.

Мала градина покрај патот ви дава чувство дека сте меѓу Србија и САД, а внатрешноста има структура од која луѓето од Вардар до Триглав би биле воодушевени.

Цените за Њујорк се доста пристапни, имаат балкански пива и секаква локална храна, па станува незаменливо место за сите луѓе од поранешна Југославија кои се наоѓаат во Квинс.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author