03.08.2023 Скопје
Според потенцијалот на геотермалните извори Србија е меѓу првите пет земји во Европа.
Сепак овој потенцијал не е доволно искористен, изјавија експертите кои додаваат дека сегашните проценки откриваат дека геотермалните ресурси покриваат околу 25 отсто од потребите за топлинска енергија во станбениот сектор на ниво на цела Србија.
Благодарение на геолошката структура на земјиштето и нејзината позиција во однос на геотектонските единици, Србија се карактеризира со значителен геотермален потенцијал, главно акумулиран во подземните води и земајќи го предвид фактот дека, покрај затоплувањето, овој вид на обновлива енергија може да се користи и за производство на електрична енергија, известуваат експертите.
Иако користењето на геотермалната енергија е зголемено во последните десет години, овој ресурс се уште не се користи доволно во Србија и покрај тоа што неговиот потенцијал се применува и во земјоделството, индустријата и туризмот.
Една од главните предности на овој обновлив ресурс е можноста за повеќенаменско користење, бидејќи ист ресурс може да се користи за различни намени во иста структура, како извор за греење и ладење, за снабдување со вода, за техники и за многу други поволности, изјави д-р Ана Врањеш од Факултетот за рударски науки и геологија во Белград.
До денес, во Србија се инсталирани повеќе од 4.000 геотермални системи за греење и ладење, со приближно 100 MW инсталирана моќност.
Анализите покажуваат и дека благодарение на овој систем за греење се постигнуваат значителни буџетски заштеди, но дека не е занемарлив ниту еколошкиот аспект на заштедата во емисиите на штетни гасови во грејната сезона.
Подготвено од М.Н.